X
 03.10.2024 Живот

Се бараат овчари и овчарки во Турција - платата може да ве изненади

Сопствениците на стада во провинцијата Елазиг во Источна Турција мака мачат да најдат овчари (или овчарки) за да ги чуваат нивните животни, а ако случајно ова ве заинтересира, ќе бидете уште позаинтересирани кога ќе слушнете колкава е платата.

За чување стадо се нуди плата од 70.000 лири месечно или 1.850 евра, но сопствениците на стадото сѐ уште не можат да најдат некој што би ја прифатил работата, пишуваат турските медиуми.

Платата не е единствената работа со која се обидуваат да привлечат потенцијални кандидати. Работодавците на овчарите ги покриваат и трошоците за храна, пијалак, облека и сместување, а за генерацијата „З“ имаат особено примамлива понуда - месечни интернет-пакети од 30 гигабајти за бескрајно следење на „Тик-ток“ за време на паузите.

И покрај примамливите понуди, поради недостигот на заинтересирани кандидати, сопствениците на стада се принудени да продаваат животни.

- Никој од нашите млади повеќе не го прави тоа. Денес тоа го прават само средовечни луѓе. Знаеме дека овчарите денес вредат злато, но дојдовме до таква ситуација да можеш да најдеш злато, но не и овчари - вели сопственикот на стадо Нуретин Челенк, па раскажал што се случило кога еден човек дошол кај него на интервју за работа.

- Дојде и се однесуваше кон мене како да е господар. А што ќе правиш, ти си беспомошен. Што и да побараат луѓето, прифаќаме. Тоа е тешка професија. Работиш во планина, на падини, на дожд, во снег. Јас сум овчар од мојата петта година. На таа професија ѝ дадов педесет години од животот и кога имаш половина век, веќе почнуваат да те болат и рацете и колената - истакнал Челенк.

Извор: index.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот