X
 19.05.2015 Култура

Во што се крие тајната на среќата кај Холанѓаните?

Холандија постојано се рангира помеѓу најсреќните земји во светот, а неодамнешни статистики покажуваат дека причината за тоа веројатно е начинот на работа.

 

Во 2013 година, земјата била 4-та во светот според стапката на среќа, се вели во извештај од Мрежата за одржливи развојни решенија. Неодамнешна анализа покажува дека ова има врска со бројот на луѓе кои работат со половина работно време.

Се дознава дека 26,8% од Холанѓаните и 76,6% од Холанѓанките трошат помалку од 36 часа неделно работејќи. „Економист“ пишува дека поголемата заработувачка не е потреба за холандските жители.


За споредба, во Обединетото Кралство со половина работно време работат 10% од мажите и 40% од жените.

Во Холандија од неодамна владее закон со кој жените имаат право да ги намалат своите работни часови без ограничувања од работодавците доколку имаат потреба поради домашните обврски.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура