Од 13 февруари Gmail ќе почне да блокира прикачени фајлови кои содржат JavaScript за да го намали ризикот од вируси.
Причината за ова е што JavaScript често се користи за напад со вирус. Ако пробате да вчитате JavaScrip во Gmail, може да добиете предупредување. Ако преземате JavaScrip датотека со малициозен софтвер, хакерите би можеле да ја употребат за да добијат пристап до Вашиот компјутер и со неа да ги украдат податоците и да ги користат за други цели.
JavaScript така ќе се приклучи на датотеки со екстензии како .exe, .bat и .msc на кои пристапот до Gmail во облик на додатоци им е веќе ограничен. Со блокадата нема да можете да ги заобиколите ниту ако датотеките ги зипувате. Ако морате да пратите JavaScript датотека, користете Googleove servise Drive или Cloud Storage.