X
 04.01.2017 Живот

Како да ги промените лошите навики?

Луѓето имаат способност да се менуваат – ова е предмет на расправа веќе со векови и тоа најмногу заради тенденцијата да креираме навики.

Причината зошто луѓето не се откажуваат од навиките, најчесто лоши е заради комфорноста, стравот од неуспех. Истражувањата покажуваат дека колку подолго навиката трае, толку е потешко да се отстрани. Но, луѓето имаат способност тоа да го променат, бидејќи можат да г контролираат навиките.

Пред некој да смени одредена навика, прво треба да знае што се всушност навиките и како се формираат. Навика по дефиниција е однесување основано на модел кој се повторува и тоа е единствениот начин на кој се формира – со повторување.  Според некои истражувања потребни се 66 дена за да се повторува одредена активност и таа да премине во навика. Сфаќањето пак, дека човекот може да ги промени секојдневните навики е суштинско во самото воведување на промени. Како прво, мора и да се согледаат тие навики кои секојдневно се применуваат, а е малку потешко бидејќи постојат навики кои се всадени уште од многу мала возраст.

Решението за воведување на промената е сугестија преку мисла или желба и тренирање на истата како да е навика, свесно испраќајќи позитивни мисли во врска со истата, а со тоа и навлегување во потсвесноста. Автосугестијата е свесна мисла која се испаќа на несвесноста во мозокот. Бидејќи мислите се импулси и вибрираат на одредена фреквенција, повторувањето на оваа активност може да создаде нова навика на размислување – како што навиката се формира на површинско ниво, исто така може да биде формирана и на хемиско ниво. Ова е суштинско и потребно да се знае за успешен процес на воведување промени.
За полесно адаптирање на промените, потребно е и да се знае дека старите навики не исчезнуваат, туку се заменети со нови. Се верува дека голем број од лошите навики на луѓето се создаваат заради стрес или досада. Заклучокот е дека луѓето имаат тенденција да воведуваат промени, бидејќи го разбираат процесот на креирање промена, која бара трпение, волја и постојаност.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот