X
 16.11.2018 Забава

Компанија бара луѓе што ќе патуваат низ светот, ќе пушат марихуана и за тоа ќе земаат стотици долари плата

Компанијата „Хеви Хитерс“ од Калифорнија, која се занимава со производство на течности за електронски цигари, бара 20 промотори.

И ако оваа реченица не ви звучи премногу интересно, описот на работата на промоторот можеби ќе ве заинтересира. Имено, оние што ќе ја добијат работата ќе имаат задача да патуваат низ светот и да пушат марихуана.

Тие ќе треба да промовираат производи на компанијата на низа случувања низ светот и преку социјалните мрежи. И додека бројот на пријатели на социјалните мрежи не е предуслов за добивање на работата, популарноста на „Инстаграм“ би можела да ви биде од помош.

- Пријавете се за да станете дел од тимот и да добиете можност да заработите плата за пушење трева, учество на најдобрите настани и да им помогнете на другите да дознаат за „Хеви Хитерс“. Бараме 20 најинтересни, страсни и дружељубиви „хеви хитерси“ - стои на страницата на компанијата.

Промоторите ќе добиваат месечна плата од 1.200 долари, а покрај тоа, секој месец ќе добиваат по 500 долари за производи на „Хеви Хитерс“.

За пријавата, потребно е да се сними едноминутно видео во кое кандидатот ќе објасни зошто баш тој е посебен и е совршеното лице за промоција на нивните производи, да го објави тоа видео на „Јутјуб“ и на „Инстаграм“ и да ја пополни пријавата на официјалната страница.

Пријавувањето трае до 23 ноември.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава