X
 17.02.2017 Економија

Еве што може да се купи во Ирска со минимална плата


Панорама од Ирска

Младиот Иван Новак од Хрватска, кој пред месец и половина се преселил во Даблин и таму започнал со свој бизнис, констатира дека таму минималната заработувачка изнесува 9,5 евра на час и дека  два слободни дена во седмицата се задолжителни. Тој  на својот приватен профил зборува за Ирска и што сè може да се купи со минимална плата таму, а нема ништо против споделувањето на неговите заклучоци по социјалните мрежи...

„Ирска е држава по мерка на човекот, скромна, социјална и толерантна“, пишува тој.

За Ирците смета дека се топли, срдечни, љубезни, храбри, чесни, отворени... И смета дека затоа и државата им е таква. Средена по мерка на човекот, социјална, скромна, отворена за другите луѓе и култури, а сепак, со огромна количина на национална гордост. А не ксенофобична, хомофобична и семожнофобична хоштаплерска „дупка“ каде луѓето кои работат цел живот се принудени да копаат по контејнери. Вели дека и бездомниците и наркоманите имаат право на сместување, храна и помош.

Новак објаснува дека Ирците секогаш се подготвени да штрајкуваат, ако оценат дека недоволно им се плаќа прекувремената работа. Иако се дел од ЕУ, сами си произведуваат храна и ја продаваат со ознака за потекло и квалитет.

 Тие протестираат и затоа што Владата гради станови за невработените и социјалата, наместо да гради за вработените кои го носат најголемиот товар и ирската власт веднаш реагира со програма за станбено згрижување на вработените со пониски примања.

Ирците во пабовите слушаат рок и панк музика, а сите во еден глас, од 18 до 70 години, ја пеат Starman на Дејвид Боуви.

Тие се горд и достоинствен народ кој не дозволува да биде понижуван и газен. Минималната заработувачка за 40-часовна работна недела е 9,25 евра по час, при што два слободни работни денови се задолжителни по закон. Секоја прекувремена работа се плаќа дополнително.

Еве што може да се купи во Ирска со минимална плата, која изнесува околу 1.400 евра месечно:

- Околу 1.100 литри дизел гориво
- 10 телевизори Самсунг 28 инчи или 3 Самсунг Лед 3Д Смарт ТВ
- 6 Apple iPadd
- Околу 200 килограми врвно свежо говедско месо
- Околу 2.000 литри свежо ирско млеко
- Околу 700 Big Mac сендвичи
- Во просек 300 точени пива од половина литар во даблинските пабови
- Автомобил од средна класа, стар 10 години, во одлична состојба
- Да се плати струја за 30 месеци за куќа од 200 квадрати
- Патување на Куба, седум дена All-inclusive со сите платени трошоци за две лица
- Изнајмување стан во центарот на Даблин од 50-60 квадратни метри со вклучени режиски трошоци
- Итн... итн...
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија