X
 28.04.2021 Економија

Минатата година глобалните воени трошоци се зголемиле и покрај пандемијата

Глобалните трошоци за воени цели се зголемиле за 2,6%, на 1,6 билион евра, минатата година и покрај економските проблеми предизвикани од пандемијата. САД продолжуваат да трошат најмногу на одбрана, а по нив следува Кина. Сепак, воените трошоци пораснале за 4% и низ Европа, покажува нов извештај на Истражувачкиот институт за меѓународен мир во Стокхолм.

Само неколку земји пренамениле дел од планираните трошоци за воени цели во здравствениот систем, меѓу кои се Чиле и Јужна Кореја. Други, како Унгарија, ги зголемиле воените трошоци во обид да ја обноват економијата.

Само 5 држави потрошиле 62% од вкупните воени трошоци во светот минатата година. Тоа се САД, Кина, Индија, Русија и Велика Британија. 12 членки на НАТО потрошиле 2% или повеќе од својот бруто-домашен производ (БДП) за воени цели. Во 2019 година само 9 членки потрошиле толку за воени цели. Франција ја надминала оваа граница од 2% од БДП првпат од 2009.


Фото: Pixabay

Бројките можеби се резултат на падот на БДП на земјите низ светот минатата година, но според Нан Тијан, истражувач од Институтот за меѓународен мир во Стокхолм, притисокот од НАТО за зголемување на трошоците за одбрана е поголем од настаните во Крим во 2014.

Освен тоа, последните две години имало повеќе барања од Доналд Трамп за европските земји да ги зголемат придонесите за НАТО, вели Тиан. Конечно, многу земји одбираат различни политики за стимулирање на економијата, што придонело до зголемување на трошоците за воени цели, според Тијан.

Извор: euronews.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија