X
 09.10.2023 Живот

Трошоците за живот во септември поголеми за 6,6% од лани, а цените на мало за 4,7%

Трошоците за живот во септември годинава, во споредба со септември лани, бележат зголемување од 6,6%, а цените на мало од 4,7%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0,1%, а цените на мало за 1,0%.

Намалување на индексите на трошоците за живот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7%, маслото и маснотиите за 1,7%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1,3% и млекото за 0,4%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците за живот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34,8%, туристичките аранжмани за 7,1%, производите за домаќинството - нетрајни за 0,8%, другите печатени материјали за 0,4%, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,3%, малите алатки и останатите додатоци за 0,2 %.

Пораст на индексите на трошоците за живот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2,3 , јајцата за 2,0%, виното за 1,9%, сирењето и урдата за 1,2%, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,0%, кафето, чајот, какаото за 0,9%, рибата и морските плодови за 0,7%, лебот и житата за 0,6%, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5%.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот