По 30 дена напорна работа, конечно на сметка “легнала“ првата плата. Да се потроши цела или да се заштеди нешто?
Секој денар од платата е ваш и имате целосно право да го потрошите баш како што сакате. Но, имате сметки за плаќање, кирија... Па, како да се балансирааат потребите и желбите?
Пет предлога:
- Планирајте ефикасно
Направете план на трошоците. На прво место би требало да бидат плаќањето струја, интернет, месечни патни трошоци и храна, а на второ место некои работи што не се неопходни.
- Подмирете ги долговите
На кого и да должите, исплатете го својот долг.
- Немојте да бидете алчни
Не дека не заслужувате сè што сте посакувале, но ништо нема да ви остане за до крајот на месецот ако одеднаш ги потрошите парите за разни задоволства.
- Заштедете барем нешто
Можеби сега сметате дека не треба да штедите, но подоцна ќе бидете среќни ако имате некој денар на страна.
- Купете им нешто на најблиските
Иако со вашата прва плата не може да подмирите сè и да купите сè, обидете се да им купите барем по нешто на блиските и пријателите кои биле со вас и ве бодреле додека сте барале работа.
Тоа се само
предлози, а вие, како сакате.