Новата веб страница, со име „
Backyard Worlds: Planet 9“, им овозможува на сите да учествуваат во потрагата, така што ќе гледаат кратки филмови составени од инфрацрвените снимки на НАСА од мисијата „WISE“.
„Растојанието помеѓу Нептун и Проксима Кентаури, неговата најблиска ѕвезда, изнесува само околу четири светлосни години. Многу од тој голем простор не е истражен“, истакнал главниот истражувач Марк Качнер, астрофизичар од НАСА центарот во Мериленд. Со инфрацрвениот вселенски телескоп снимени се објекти кои вообичаено би се пропуштиле. Со тој телескоп во текот на 2010 и 2011 година направено е најдетално истражување, односно скенирано е цело небо со оваа технологија.
Мисијата е повторно активирана во 2013 година, за
НАСА да може да идентификува потенцијални опасни објекти во близина на Земјината орбита. Новата веб страница ги користи податоците за барање на непознати објекти во нашиот соларен систем.
Така во 2016 година, астрономите во Пасадена, Калифорнија, дошле до сознание дека подалечните соларни објекти имаат орбитални карактеристики кои укажуваат на тоа дека се под влијание на гравитацијата на некоја уште неоткриена планета, на која истражувачите и доделиле псевдоним Планета 9. Ако планетата навистина постои, би можела да се појави токму заради тие податоци кои се добиени со помош на инфрацрвениот телескоп.