X
 29.10.2023 Наука

Потомците на неандерталците се почувствителни на болка

Ново истражување покажува дека денешните потомци на неандерталците носат три генски варијанти кои ги прават почувствителни на механичка болка (болка во 'рбетот, дисковите, пршлените или меките ткива), но не на болка поврзана со топлина или притисок.

Новото истражување е дополнување на студија објавена пред три години во која е направена оваа врска. Во истражувањето од 2020 година било откриено дека три варијанти на гени кои се поврзуваат со поголема чувствителност на болка се присутни кај потомците на неандерталците во Обединетото Кралство.

Новото истражување анализирало потомци на неандерталците што живеат во Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико и Перу. Тоа ги потврдило сознанијата од претходното истражување. 

Научниците откриле дека генските варијанти биле најприсутни кај населението на Перу, односно тие се почувствителни на болка поради овие варијанти што ги наследиле од неандерталците. Најмалку генски варијанти биле откриени кај испитаниците на Бразил.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука