X
 01.07.2017 Живот

Психолог д-р Влајко Пановиќ: До седмата година кај децата треба да се изградат три табуа

Современото семејство е всушност збир на поединци кои живеат паралелни животи во ист станбен простор. Во тоа семејство нема разговори какви што паметат нашите родители или баби и дедовци, од времето на собирање околу огништето кога после работниот ден, се разговарало за сето она што е важно воживотот.

Институцијата „брак“ е во сериозна криза. Брзо се влегува во неа, а уште побрзо се излегува. Сопружниците често развиваат натпреварувачки наместо партнерски односи, а Господ не создал различни за да можеме да создаваме семејство, оценува специјалистот по медицинска психологија, д-р Влајко Пановиќ, од Белград.

Тој говорел на трибината која ја приредила Светосавската младинска заедница, на тема „Криза на современото семејство“. Истакнува дека денес, преку различни „New age“ филозофии, се форсира индвидуализмот, медитивното соединување со „универзалната интелигенција“, која дава илузија на моќ и го прави чвекот потполно немоќен за чувствување емпатија и солидарност. Наспроти овој модел, постои и христијанскиот модел на воспитување, кој остварувањето на човековата личност го гледа во контактот со природата и другите луѓе. На денешниот човек животот му е технички олеснет, но истовремено човекот е заробен со техниката, осамен и несреќен. Тој смета дека е потребно да се најде начин за да се зачува она што е традиционално добро. Постојат потешкотии во поставувањето граници кај децата, бидејќи родителите ги штитат од обврски. Недостасува заедничко време и спонтани семејни излегувања, вели д-р Пановиќ.

Децата мораат да се научат на рационално користење на мобилните телефони и компјутери. Мора да се насочат кон освојување на перцепција за убавина и добрина, да развиваат толеранција и да не ги исмеваат различните од себе, истакнува докторот.

Многу малку има радост во човечките животи. Се меша виртуелниот со реалниот свет. До седмата година кај децата би требало да се изградат три табуа: агресија, автоагресија и инцест. Денес, се случува децата да прекршат некои од табуата и пред да се изградат. Важно е во животите на децата, возрасните да бидат активно присутни, да помогнат при одбирање на содржината која ќе им помогне, а не да се поттикнува адреналинот и возбудувањето кое го нуди надворешниот свет, заклучува д-р Пановиќ.  

Извор: zelenaucionica.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот