X
 20.08.2016 Наука

Откриена причината зошто некои луѓе се недруштвени

хормон 

 

Неодамнешно истражување објавено во „National Academy of Sciences“ открива дека генетиката е виновна доколку сме недруштвени. Имено, генот одговорен за контролирање на нивото окситоцин, таканаречен хормон на љубовта, може да влијае врз тоа колку сме друштвени.


Процесот кој произведува окситоцин, хормонот поради кој се чувствуваме добро, може да биде прекинат поради процесот наречен метилација, на кој влијаат фактори од опкружувањето како што се на пример стресот и лошата исхрана.

Со тестирање на 121 кандидат, за да се открие нивото на метилација, откриено е дека луѓето со пониско ниво на окситоцин се помалку друштвени. Овие луѓе имаат и помала активност и волумен во подрачјето на мозокот поврзано со друштвеноста.

Кандидатите кои имале помалку метилиран ген биле повеќе склони кон социјални контакти и подобро ги разбирале другите луѓе. Ова објаснува зошто некои луѓе имаат поголема потреба за социјален контакт.

И не само тоа - истражувањето помага да разбереме зошто некои луѓе не успеваат да се друштвени колку и да се трудат - за тоа е виновен начинот на кој функционира мозокот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука