МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота во утринските и раните
претпладневни часови ќе биде претежно со локална облачност, а во доцните
претпладневни часови попладне зголемување на облачноста и продор на
нестабилна влажна воздушна маса која што во западните, северозападните,
северните и североисточните предели ќе услови локални врнежи од дожд, а
над 1200 метри со слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб јужен и југозападен
ветер кој во западните предели ќе достигне брзина и до 25 км/ч .
Утринските температури од –5 до 3 степени, додека пак максималните
дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 15 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла,
претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне
зголемување на облачноста и нестабилно со врнежи од дожд. Слаб
југозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната
дневна до 11 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Врнежите од дожд ќе продолжат и во недела насекаде
во Македонија, додека над 1200 метри надморска висина врнежите ќе бидат
од снег. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 2
до 13 степени. Во понеделник постудено утро со утрински температури од
-3 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат
до 4 односно до 14 степени. Во вторник и среда сончево и надпросечно
топло за овој период од годината. Утринските температури од -6 до 1
односно од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури
ќе се движат од 8 до 17 односно од 10 до 18 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно
со врнежи од дожд и посвежо време со температура до 9 степени. Во
понеделник во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на
денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и температура
до 9 степени. Во вторник и среда ќе биде претежно сончево и топло време
со дневни температури кои ќе достигнат до 12 односно до 15 степени.
Weather4all.com.mk