X
 19.02.2017 Култура

Епските фотографии на еден фотограф низ Нов Зеланд

Кој може да биде подобар водич за Нов Зеланд (Средната Земја) од ликот на Толкин, Гандалф?

гандалф

Токму тоа го имал во предвид фотографот Акхил Сухас кој за неговата фотосесија се одлучил да носи костум од Гандалф за време на неговото 6 месечно патување низ Нов Зеланд.

Преку хаштагот #GandalfTheGuide, тој ја пренел неговата авантура на интернет просторот.

„Сакав повторлива тема во моите фотографии затоа што многу фотографи ја посетуваат земјата, така што сакав да се издвојам од сите нив. Ги гледав „Господар на прстените“ петти пат по ред, па знаев дека Нов Зеланд е земја позната по две работи: пејзажите и триологиите „Господар на прстените“ и „Хобитот“. На тој начин, дојдов до идеја да ги искомбинирам двете“, вели тој.

На почеток се обидел да прави автопортрети меѓутоа тоа не функционирало за него. „Затоа, започнав да ги прашувам луѓето кои ги среќавав по пат дали сакаат да го стават костумот“. Изненадувачки, луѓето се согласувале, и Сухас успеал да создаде неверојатна фото турнеја низ Нов Зеланд.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура