Ретка фотографија од снежен леопард ја доби наградата „Избор на публиката“.
Германскиот фотограф Саша Фонсека ја освои наградата по рекорден број гласови, надминувајќи 24 други фотографии од потесниот избор. Речиси 60.500 гласови доби Фонсека за неговата фотографија направена на планината Ладах во Индија.
- Горд сум што сум добитник на овогодишната награда „Избор на публиката“. Им благодарам на сите поддржувачи низ светот што го овозможија ова. Фотографијата може да ги поврзе луѓето со дивиот свет и да ги поттикне да ја ценат убавината на невидениот природен свет. Верувам дека поголемото разбирање на дивиот свет води до подлабока грижа, што се надевам дека ќе резултира со активна поддршка и поголем јавен интерес за зачувување - рече тој.
Во продолжение можете да ги погледнете и другите фотографии што добија голем број гласови.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Sascha Fonseca