Поставувањето на фотограии на социјалните мрежи е дел од секојдневието. Дури е ненормално ако почесто не поставувате фотографии. Но, дали сте се запрашале што тие кажуваат за Вас: скриени комплекси, тајни желби и сл?
Прочитајте ги анализите на најчестите видови фотографии:
Различни селфи-фотографии – богатството од селфи-фотографии открива претерана потреба за препознавање и оддобрување, егоцентричност, склоност кон нарцизам и суета.
Секси селфи-фотографии – тие говорат дека сте слободни и спремни за експериментирање. Размислете дали сакате така да се покажете на „пазарот“, користејќи го своето тело како мамец.
Фотографии од парови – ова е еден начин да му кажете на светот дека не сте сами, дека сте сакани и потребни некому. Ако имате многу такви фотографии можеби е потребно да се запрашате дали имате нешто да докажувате на бившите.
Групни фотографии – ако на Вашиот профил има фотографии од забави на кои сте со неколку личности, кои покажуваат како се забавувате, тоа би можело да укажува на внатрешна празнина и осаменост. Припадноста на групата може да му ласка на Вашето его.
Деца – постојат две можности: ако поставите своја фотографија од времето кога сте биле дете, тоа значи дека Ви е доста од светот на возрасните. Во другата варијанта, ако поставувате слика со или од Вашето дете, сакате да покажете дека сте родител и дека тоа е големо достигнување.
Животни и фотографии заедно со животни – ако еден маж постави фотографија од волк или гепард на профилот, тој сака да изгледа силно и јако кога тоа не е така. Кај жените, кога објавуваат фотографии од шармантни мачки, или дами со мачки тоа се поврзува со сентименталност и незрелост.
Природа – фотографиите од природа укажуваат на задоволство со животот, но исто така и на умор од дневниот ритам, како и потреба за приватност и искористување на природните убавини.
Гламурозен изглед – ваквите фотографии откриваат потреба за нарцисоидна поддршка и емоционални изјави на љубов, во облик на ласкави коментари и „лајкови“. Ако имате вакви фотографии време е да размислете за Вашето самопочитување.
Фотографии од патувања – некои со фотографиите од патувањата сакаат да го нагласат општествениот статус, а за други да е материјален доказ за патувањето, како и за емоциите кои ги доживеале.
Фотографии со јахта, скапи автомобили и луксузни предмети – ова е начин да се пофалите со својот успех и да нагласите дека Вашиот живот е супер.
Фотографија од храна – фотографиите од одбрана храна од скап ресторан е за подигнување на самодовербата и општествена само-промоција.
Дали се
пронајдовте?