X
 19.02.2017 Образование

Мапи од светот според постигнувањата на учениците

Еден од најголемите интернационални тестови за стандарди во образованието помеѓу нациите е „Programme for International Student Assessment (PISA)“.


На секои три години, се измерува способноста за читање, математика и наука помеѓу 15 годишниците во развиените земји, како и земјите во развој.

Податоците собрани од „Pew Research Center“,  даваат подетална анализа за успесите на учениците во овие предмети споредувајќи ги сите земји кои учествувале во тестирањето.

Ова се трите мапи според одредена област и постигнувањата на учениците.

 

 

Ова е листата на 10-те најдобри земји според одредена област.

Наука:

•    Сингапур   556
•    Јапонија    538
•    Естонија    534
•    Тајван    532
•    Финска    531
•    Макао    529
•    Канада    528
•    Виетнам   525
•    Хонг Конг    523
•    Јужна Кореја    516
 
Математика:

•    Сингапур  564
•    Хонг Конг    548
•    Макао   544
•    Тајван    542
•    Јапонија   532
•    Јужна Кореја    524
•    Швајцарија    521
•    Естонија    520
•    Канада   516
•    Холандија  512

 Читање:


•    Сингапур    535
•    Хонг Конг    527
•    Канада   527
•    Финска    526
•    Ирска    521
•    Естонија   519
•    Јужна Кореја    517
•    Јапонија    516
•    Норвешка    513
•    Макао    509

Македонија се најде на 69-то место од вкупно 72, со тоа што учениците освоија 384 поени по наука, 371 поен по математика и 352 поени по читање.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование