Било какви соништа поврзани со еднаквоста меѓу жителите на овој свет во било кој поглед треба да се заборават бидејќи никогаш нема да се реализираат, но навистина би било интересно доколку би било така.
Факт е дека живееме во свет во кој 1% од популацијата во свои раце држи 50% од целото богатство и свесни сме дека овој факт долго време нема да се промени. Иако многу пати знаеме да се пожалиме и да кажеме дека финансиската состојба ни е навистина лоша, сепак поголемиот дел од нас можат да се вбројат во помоќната половина од човештвото. Со оглед на тоа што се задоволувате со тоа што имате авотомобил, стан или просечна плата, замислете како им е на другите луѓе кои немаат. Интересно е да се види како нашиот свет би изгледал доколку сите добиваат еднакво.
„Credit Suisse“ е компанија којашто покажа како би изгледал еднаков свет користејќи модифициран глобален финансиски извештај.
Кога ќе се собере и одземе, во идеален свет на еднаквост, секој човек на планетата би имал точно 56.016 долари на свое име, од кои 35.197 би биле кеш или акции, додека дополнителните 30.076 долари би можеле да се припишат на вредностите кои ги поседуваме (недвижнини, колекции и слично). Математичарите веднаш ќе забележат дека има вишок од 257 долари, а овие пари се припишуваат како долг, бидејќи ако сите сме еднакви во приходите, тогаш треба да бидеме еднакви и во долговите.
Кога станува збор за приходите, во општеството со финансиска еднаквост секој човек треба да заработува под 21.000 долари годишно, а оваа бројка се однесува на паритетот на куповната моќ пресметана од податоците на Светската банка. Во целиот овој систем најлошо би поминале Швајцарците кои во просек „вредат“ 581.000 долари, така што 56.000 долари веројатно би им паднале тешко. Се чини како утопистички одлична работа, но дали е фер сите да имаат исто и да заработуваат еднакво.. ова е прашање за некоја друга дебата.