X
 21.02.2017 Живот

Никој не знае од каде произлегува мистериозната радијација низ Европа

Мали количини на нуклеарна радијација се рашири низ Европа минатиот месец и никој не откри зошто.


Радијацијата прво била откриена над границата Норвешка-Русија во јануари, а потоа и во неколку земји во Европа. Иако се шират гласини дека се работи за нуклеарни тестирања од страна на Русија, надлежните сметаат дека најверојатно радијацијата е поврзана со непријавен фармацевтски несреќен случај.

Ова го објавиле само надлежните во Финска и Франција, кои информираа дека радијацијата по Норвешка, била забележана во Финска, Полска, Чешка, Германија, Франција и Шпанија. Надлежните во Норвешка не го објавиле овој случај, заради како што велат, многу ниското ниво на радијација кое не е опасно за човекот или средината.

Но, она што е загрижувачко не е нивото на радијација туку фактот што никој не знае од каде произлегла. Она што е познато е дека забележаниот „Iodine-131“ има постоење од само осум дена, па тоа значи дека е неодамна ослободен во атмосферата. Се смета дека потекнува од Источна Европа, па и тоа се поврзува со шпекулацијата дека можеби се работи за некакви тестирања на Русите. Веројатноста да е некаква фармацевтска грешка е голема, бидејќи таа супстанца се користи во големи количини за лекување на одредени типови на канцер.

Ова не е прв пат да се случи ваков инцидент, бидејќи истата супстанца била забележана и во 2011 година. Тогаш, било објавено дека супстанцата произлегла од нуклеарни централи, односно од систем во Будимпешта, кој произведувас радиоактивни изотопи за медицински третмани и истражувања.

Истрагата за сегашната радијација е во тек.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот