Индексот за споредба на цените низ цела Европа утврди дека цените во Финска се за 91 отсто повисоки отколку просекот на Европската Унија, во споредба со минатата година.
Цената на алкохолните пијалаци во Финска минатата година била највисока во цела ЕУ, се вели во Индексот за споредба на цените, спроведен од канцеларијата за статистика на ЕУ, „Евростат“.
Истражувањето покажа дека алкохолот чинел 91 отсто повеќе во Финска отколку просекот на ЕУ. Финска беше најскапата земја во ЕУ и во 2018 година, кога се утврди дека цените се 82 отсто над просекот на ЕУ.
Земјите со највисоки цени за 2019 година меѓу земјите-членки на ЕУ, освен Финска, се Ирска и Шведска, додека најмали цени имаат Романија, Бугарија и Унгарија.
Фото: Pixabay
Истражувањето ги опфати цените во 27 земји-членки на ЕУ, Велика Британија, 3 ЕФТА-земји (Исланд, Норвешка и Швајцарија), 5 земји-кандидатки за ЕУ (Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција) и една потенцијална земја-кандидат (Босна и Херцеговина).
Надвор од земјите-членки на ЕУ најскап
алкохол во Европа минатата година имаа Исланд и Норвешка. Во овие две земји алкохолните пијалаци чинат над 160 отсто над просекот на ЕУ за 2019 година.
Постојат голем број причини за големите разлики во цените за алкохол меѓу европските земји, при што „Евростат“ идентификува различни даночни практики меѓу земјите како главен двигател.
Индексот на „Евростат“ покажа и дека храната е за 18 отсто поскапа во Финска од просекот на ЕУ, а безалкохолните пијалаци биле поскапи за 26 отсто. Цигарите чинат за 34 отсто повеќе во Финска отколку просекот во ЕУ.
Кога станува збор за Балканот, најевтин алкохол има Босна и Херцеговина.
Целосниот Индекс на „Евростат“ можете да го погледнете
ТУКА.