Леонардо да Винчи е познат по многу постигнувања во својот живот, и тоа во различни области. Бил ексцентричен лик, а спроведувал низа експерименти кои дури и денес предизвикуваат воодушевување. Леонардо, како што покажуваат доказите, имал и навика да пишува наназад, почнувајќи од десната страна на листот и движејќи се кон лево.
Тој пишувал во нормален редослед само кога напишаното било наменето за други луѓе. Иако не е целосно познато зошто пишувал наназад, се претпоставува дека така неговите раце биле чисти. Луѓето што биле околу него оставиле податоци дека тој пишувал и цртал со левата рака. Исто така, правел и цртежи кои ја покажувале неговата рака додека работи. Како левучар, пишувањето наназад му помагало да не го брише мастилото со кое пишувал.
Постои и хипотеза дека Леонардо пишувал на тој начин од страв, бидејќи бил загрижен за можноста другите да ги украдат неговите идеи. Таквите негови ракописи можеле да се прочитаат само ако се свртени на огледало. Експертите сметаат дека доколку Леонардо не сакал другите да го читаат тоа што го пишува, тогаш би измислил сосема нов јазик за сопствена цел.
Има повеќе примери за вакво пишување и по Леонардо, во периодот на Отоманската Империја, па сè до денес. Сето тоа има свое значење и функција, но сигурно дека е мистерија зошто човек како Леонардо да Винчи би го користел тој начин на
пишување, дали само заради радоста од совладување нова вештина или за да постави пречка за другите.