X
 04.12.2016 Технологија

Како да проверите дали вашата адреса на „Google“ е хакирана?

Вирусите секојдневно ги напаѓаат уредите кои користат „Android“, а секој кој користи постара верзија на оперативниот систем треба да внимава. Имено, секој ден во опасност се 13.000 уреди кои работат на овој оперативен систем, што значи дека повеќе од милион сметки на „Google“ се под ризик од напади.

 

сметка


Компанијата за сајберсигурност „Check Point“ откри нов малвер, наречен „Googlian“ кој ги напаѓа телефоните кои работат на овој оперативен систем и кради меил адреси.

Корисниците кои ги преземаат апликациите кои се веќе заразени со овој малвер или пак кои ќе кликнат на линковите со спамерските пораки, се изложени на малверот кој на напаѓачите им овозможува пристап до чувствителни информации од „Google“, како што е „G-mail“, облакот каде чувате податоци и фотографии.

Кога ќе успеат да стигнат до уредите, тие купуваат апликации во „Google Play“ и пишуваат рецензии во име на сопственикот на телефонот.

Под најголем ризик се уредите кои работат на „Android 4“ и „Android 5“ кои вклучуваат „Jelly Bean“, „KitKat“ и „Lollipop“. Овие верзии користат 75% од корисниците на „Android“.

Но, потои начин како да проверите дали сте меѓу нападнатите корисници. Постои онлајн алатка која ви овозможува да проверите дали вашата сметка е заразена со овој малвер. Едноставно впишете ја меил адресата и проверете дали сте хакирани - ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија