Околу 10 проценти од човечката популација се левораки, а причината за тоа со години предизвикува научна и општествена дебата.
Досега генерален консензус беше дека станува збор за биолошки и генетски предиспозиции.
Оваа теорија тврди дека еволутивната природна селекција довела до развој на центрите за говор во левата хемисфера од човечкиот мозок. Тоа е страната која ја контролира десната рака, па со текот на времето, тоа резултирало кај најголем број на луѓе десната рака да им е доминантна во користењето.
Меѓутоа, новото истражување носи нова приказна за потеклото на леворакоста.
Според неа, причината што одредува која рака доминантно ќе се користи, не се наоѓа во мозокот, туку во
´рбетниот мозок.
Ова е заклучокот до кој стигнал тимот од истражувачи на чело со доктор Себастијан Окленбург, каде се потврдува дека активноста на гените во ´рбетниот мозок е асиметрична уште додека плодот се наоѓа во матката на мајката.
Тимот исто така открива дека
симетричноста ја предизвикуваат надворешни фактори, кои влијаат врз детето во мајчината утроба. Овие фактори можат да ја променат интеракцијата на ензимите околу бебето и така да влијаат на развојот на неговите гени, меѓу другото и дали детето ќе биде деснак или
левак.