X
 20.06.2017 Наука

ДНК репликација снимена за прв пат - неочекувани резултати

Колку е развиена науката – научниците снимиле молекула од ДНК како се реплицира, па се поставуваат прашање дали се совпаѓа снименото со процесот кој ни е познат до сега.

фото извор: James Graham/UC Davis

Снименото открива дека овој основен дел од животот вклучува неочекувана количина на „случајност“ и можеби наведува на повторно размислување за тоа како се одвива генетската репликација без мутации.

Можете да го гледате процесот во следното видео:



Научниците долго време веруваа дека полимерите на ДНК-то на водечките и индуктивните насоки некако се координираат меѓу себе, па едните да не одат пред другите во текот на самиот процес на репликација и да не предизвикаат мутации. Но, новото видео покажува дека воопшто не постои координација – сите стојат независно едни од други, а сепак резултато е совршен секој пат. Научниците откриле дека во просек, брзината на насоките е речиси еднаква, но за време на процесот на репликација, има изненадувачки прекини и почетоци кога се однесуваат како два различни ентитети.

Сега се поставуваат нови прашања во врска со процесот, па научниците ќе продолжат со вакви снимки кои можеби ќе им дадат до знаење како всушност се одвива.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука