X
 03.07.2022 Наука

Oваа сличност меѓу мозокот на човекот и на октоподот ги изненади научниците

Научниците веруваат дека откриле клучни информации за мозокот на октоподот. Со векови знаеме дека октоподите се попаметни од другите безрбетници. Сепак, никогаш не било докажано зошто.

Истражувачите објавија ново истражување кое не само што дава некои дополнителни објаснувања, туку и ги  воодушеви научниците.

Човечкиот геном содржи голем број гени што ги нарекуваме транспозони или скокачки гени. Овие гени можат да се дуплираат, па дури и да се движат низ човечкиот геном. Не секој ген е активен, но повеќето научници ги гледаат како  делови останати од еволутивниот процес. Сега научниците открија слични скокачки гени во сличен дел од мозокот на октоподот.

- Буквално скокнав од столот кога под микроскоп видов силен сигнал на активност на овој елемент во вертикалниот лобус - изјави биологот Џована Понте.

Понте вели дека вертикалниот лобус е структурата на мозокот што функционира како седиште на учењето и когнитивните способности кај октоподите. Дополнително, тој е доста сличен со хипокампусот во човечкиот мозок.

Понте, која работи во истражувачкиот институт „Антон Дорн“ во Италија, вели дека гените би можеле да бидат причина зошто октоподите се толку интелигентни. Откривањето на овие скокачки гени во мозокот на октоподот може да ни помогне подобро да ја разбереме нивната интелигенција. Дополнително, истражувачите веруваат дека би можеле да гледаме пример на конвергентна еволуција.

Што е конвергентна еволуција?

Конвергентна еволуција е кога се јавуваат карактеристики кај два независни вида и ја обезбедуваат истата адаптација. Во овој случај, транспозоните обезбедуваат супериорни когнитивни способности во мозокот на октоподот, како и во човечкиот мозок. Сепак, двата вида не се поврзани. Всушност, некои веруваат дека октоподите би можеле да бидат вонземјани - уште едно можно објаснување за нивната интелигенција.

Научниците продолжуваат со истражување на октоподите. Како резултат на тоа, тие сè уште наоѓаат невролошки одговори, па дури и еволутивни трикови во мозокот на октоподите што прават да се разликуваат од другите безрбетници. Врз основа на овие наоди, мозокот на октоподот е структуриран повеќе како мозокот на цицач отколку на безрбетник. Токму ова ги прави овие суштества уште поинтригантни за научниците.

Истражувачите објавија труд со нивните наоди уште во мај 2022 година. Не само што беше интригантно наоѓањето на скокачките гени туку истражувачите велат и дека наодите целосно може да го променат нашето разбирање за гените.

Извор: Bgr.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука