X
 27.02.2017 Култура

Кафе со Гете во „Чикаго на Мајна“


Панорама на Франкфурт

Стариот империјален град, Франкфурт на Мајна, се смета за финансиски центар на Германија, но и место каде може да се помине интересен викенд. Заради високите згради честопати го нарекуваат и „Чикаго на Мајна“, но во центарот на градот може да се видат многу стари зданија, традиционални куќи, интересни музеи и преубави паркови.

Еве како би можела да изгледа една интересна прошетка низ овој град:

10.00 ч.

Ромемберг е старото јадро на градот, пешачка зона, плоштад со неправилна форма и неколку прекрасни зданија. Овде се наоѓаат кафулиња, продавници за сувенири, како и единаесет згради изградени од 15 до 18 век. Пред старата градска куќа се сликаат речиси сите туристи, но и пред новата што датира од 1908 година, како и пред готските цркви Свети Леонард и Свети Никола. Тука се наоѓа и историскиот музеј кој е отворен во 1878 година, како и шест куќи кои ги красат традиционални греди.

11.00 ч.

Волфганг Гете, најпознатиот германски писател, е роден во Франкфурт, а куќата во која живеел до 1765 година сè уште може да се види. Внатрешноста е одлично зачувана, како и мебелот и куклите со кои Гете изведувал претстави за родителите кога бил момче. Во непосредна близина се наоѓа галеријата посветена на славниот писател, а може да се види и дрвената кула на Гете, висока 43 метри, од каде се простира убав поглед на градот.

Спомен соба на Гете

12.00 ч.

Кулата Турм е единствениот остаток од средновековните ѕидини кои го штителе градот. Во близина се наоѓа и Берзата од 1879 година, една од најстарите на светот.

Кулата Турм во Франкфурт

14.00 ч.

Во градината Зенкенберг се наоѓа исклучително интересниот Природонуачен музеј, еден од најголемите на светот. Ова е одлично место  за семејни посети, каде може да се види најголемата европска збирка на диносауруси и птици и да се добие претстава за комплетниот биодиверзитет.

Природонаучен музеј во Франкфурт

16.00 ч.

Повеќе од 4.500 животни живеат во Зоолошката градина која се протега на 32.000 хектари. Основана е во 1858 година, а интересна е по специфичните области, како куќата Грзимек каде се наоѓа комплетната фауна како на Мадагаскар. Егзотариумот е уште едно место кое не смее да се пропушти, како ни шумата Боргори каде живеат човеколиките мајмуни.

18.00 ч.

Палменгартен е една од најубавите ботанички градини во Германија која задолжително треба да се посети, особено во периодот од пролет до есен. Овде настапувале најпознатите светски изведувачи, почнувајќи од Бафало Бил кој во 1890 година го изведувал своето шоу под име „Дивиот запад“. Тука освен разгледувањето на егзотичните растенија, има можност и за изнајмување на чамец или едноставно, уживање во тишина.

Згради и плоштад во Франкфурт

19.00 ч.

Во срцето на Франкфурт се наоѓа зградата на Операта. Оваа ренесансна зграда била уништена во текот на војната, но сега Плоштадот на Операта е еден од најубавите во градот.

20.00 ч.

Најпрометната пешачка зона е Хауптвазе, затоа што меѓу историските згради се сместени бојни ресторани и кафулиња. Интересно е да се види Барокната куќа во која бил сместен затвор, воен штаб и полициска станица, а сега е кафуле. Овде се наоѓа и подземен шопинг центар и безброј места каде што можат да се купат вкусни колбаси со зелка.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура