Во повеќето земји ширум светот музеите полека почнуваат да се отвораат откако почна ублажувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот, но експертите предупредуваат дека долготрајното затворање оставило последици и дека на светско ниво 13 отсто од музеите може да останат трајно затворени.
Во студијата направена од страна на
УНЕСКО и Меѓународниот совет на музеи се посочува дека отсто од музеите на светот, односно околу 85.000 од тие институции морале да бидат затворени поради пандемијата.
Тој податок е аллармантен, смета помошникот на генералниот директор на УНЕСКО за култура, Ернесто Отоне, и додава дека пандемијата подеднакво ги погодила и големите и малите музеи, без оглед на тоа од која област им се експонатите.
- На помалите музеи, кои се затворни со месеци и во тој период немале никакви приходи, им се заканува трајно затворање бидејќи сега ги немаат неопходните средства за да ги задоволат новите стандарди во одржувањето на физичка дистанца и сите останати барања на епидемиолозите - вели Отоне.
Во студијата се наведува и дека речиси 13 отсто од музеите во светот веќе нема да бидат отворени, при што во многу поголем ризик се оние од сиромашните земји, но ситуацијата не е сјајна ни во богатите држави.
Организацијата на европските музеи наведува дека големите музеи во туристичките метрополи како Париз, Амстердам или Виена за време на пандемијата загубиле 80 отсто од приходите, што се мери во стотици илјади евра на неделно ниво.
Отоне додава дека ситуацијата е особено тешка во Латинска Америка, каде сега се затворени 99,4 отсто од музеите.
Тој предупредува дека само отворање на музеите нема да значи премногу доколку не дојде до оживување на туризмот на светско ниво бидејќи без туристи музеите практично не можат да се издржуваат.
Насловна фотографија: Unsplash