X
 12.07.2023 Живот

Спектакуларна снимка од ерупцијата на вулканот на Исланд

Исланд е познат по своите гејзери и вулкани. Пред неколку дена повторно еруптира вулканот на полуостровот Рејкјанес во југозападниот дел на Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик.

Според исландската метеоролошка служба, станува збор за мала вулканска ерупција во близина на Литли Хрутура на полуостровот Рејкјанес, кој се наоѓа помеѓу планините Фаградалсфјал и Кеилир. Според првичните процени, на источните и североисточните падини на Литли Хрутура има пукнатина долга 200 метри од која тече лава како фонтана.

Ова не е прва ерупција на вулкан на југозапад од Исланд. Последната беше минатата година, а ѝ го привлече вниманието на јавноста со спектакуларната ерупција на лава и пепел.

Иако вулканот Фаградалсфјал, како што е означен во исландскиот каталог на вулкани, моментално е најактивниот вулкан на Исланд, тој во никој случај не е единствениот. Според податоците на каталогот, во моментот на Исланд се активни 32 вулкански системи, а сите податоци собрани при истражувањето и набљудувањето на вулканите редовно се внесуваат во интерактивна карта, така што локалното население е информирано и за моменталните вулкански услови.

 

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот