X
 13.04.2017 Наука

Ерупција на вулкан прв пат снимена со беспилотно летало

Тим на научници од универзитетот во Бристол и Кембриџ, снимил со беспилотно летало ерупција во вулканот „Фуего“ во Гватемала.


Фото: YouTube

Вулканот се наоѓа на надморска височина од 3.700 метри и еруптира секои три до четири недели. Облаците од пепел и гасови излегуваат во атмосферата и ги загрозуваат животите на околу 60 илјади луѓе кои живеат во тој регион.

Беспилотните летала им овозможиле на научниците да ја измерат температурата, влажноста и останатите термички податоци од вулканските облаци. Ова е прв пат вулканска ерупција да е снимена на ваков начин.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука