X
 01.03.2017 Култура

Карневалите во Германија годинава поминаа во знакот на Трамп


Маска на карневал во Германија

Германците и тоа како негуваат брутална традиција на карневали, што годинава се потврдило на народните собири во Келн, Дизелдорф како и во низа други градови каде главна тема бил американскиот претседател Доналд Трамп.

Во Дизелдорф, Трамп бил прикажан во разни ситуации, а една од изложените скулптури во карневалската процесија покажувала како тој ја силува Статуата на Слободата.

На другиот подиум, Трамп бил прикажан како ловец кој на Владимир Путин му ја носи главата на Хилари Клинтон како улов, влечејќи ја за коса. На еден подалечен, пак, американскиот претседател се наоѓал во друштво на Марин Ле Пен,од француската екстремна десница и Геерт Вилдерс, најпознатиот расист и ксенофоб од Холандија, па дури и со Адолф Хитлер.

Во низата изживувања над ликот и делото на Доналд Трамп, особено се истакнувала и колата со статуа на која била изложена Статуата на Слободата со натпис на градите „Отпор“, како во раце ја држи отсечената глава на американскиот претседател, со насмевка „од уво до уво“. На карневалот во Дизелдорф настапиле вкупно 5.000 учесници и дури 72 возила. „Петтото годишно време“ во овој германски град  организирано се прославува уште од 1833 година, а некои тврдат и од 1825.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура