X
 01.03.2017 Култура

Неверојатен потфат: Систинската капела фотографирана до најситниот детаљ


Систинската капела

Славните фрески во Систинската капела, ремек-делото на Микеланџело, сега може да се прегледаат до најситниот детаљ, благодарение на неверојатниот фотографски потфат, објавија Ватиканските музеи.

Комбинирајќи ја иновативната дигитална технологија со посебни ЛЕД ламбички кои репродуцираат дневна светлина, фотографите успеале да направат слики со висина од 43 сантиметри и широки 1,2 метри.

Продуцирани се вкупно 220 фотографии од капелата во природна величина, вклучително и деловите од Последниот суд и страничните фрески од Перуџино и Ботичели. Направени се 1.999 копии кои ќе бидат упатени до најпознатите светски книжарници. На сите од нив совршено можат да се видат боите кои ги користеле ренесансните мајстори, објави италијанската издавачка куќа Scripta Maneant.

Проектот се работел цели пет години, истакнал графичкиот уредник Џани Гранди.

„Фотографиите ќе ни овозможат подобро да ја разбереме работата на Микеланџело, и техниките со кои се служел“, додава тој.

На сите оние кои не можат да издвојат 12.000 евра, колку што изнесува цената за едно издание од овие фотографии, и натаму им останува можноста да ја посетат Систинската капела, која дневно ја разгледуваат околу 20.000 посетители.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура