Во среда ќе имаме потопло утро, со утрински температури кои ќе се движат од 2 до 11 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер, кој во југоисточните предели ќе биде засилен со брзина до 35 км/ч. Максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 22 степени.
Сончевото и надпросечно топло време за овој период од годината ќе продолжи до крајот на оваа седмица.
Во четврток и петок сончево и топло. Утринските температури од 2 до 11 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 13 односно до 22 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и температури од 13 до 22 степени. Во недела ќе биде сончево и малку посвежо со дневни температури од 11 до 19 степени.
Weather4all.com.mk