X
 07.03.2017 Култура

Симболи кои се многу употребувани, но и погрешно толкувани

Веројатно сте се запрашале од каде потекнуваат симболите, како го добиле нивното значење и дали можеби се погрешно толкувани. Во поново време постојат многу мрачни толкувања за симболиката на американскиот долар, на пример, а позитивни за свастиката.

американски долар


Прочитајте за 10 познати симболи од каде потекнуваат и кое им е изворното значење:

Ако истражувате за срцето колку што можете поназад, ќе го пронајдете на стари римски монети. Тоа е семе од растение кое било познато по тоа што се користело при контрола на раѓање, а Римјаните до донеле до уништување. Тие мислеле дека семето личи на тестиси.

срце

Едно од имињата што го носела рибата пред Исус е vessica pisces (брод на рибите), и бил користен како симбол на секоја божица на плодноста од сириската Атаргатис, Афродита/Венера, до паганската божица Големата Мајка (специфично, нејзината вулва).

риба

Британскиот графички дизајнер Гералд Холтом го креирал знакот за мир со комбинирање на симболите за семафор за N и D, да стои за нуклеарно разоружување (Nuclear Disarmament). Тој вели дека планирано било да личи како „човечко суштество во очај“, кое ги исправува рацете напред и надолу во очај и пораз.

мир

Кога бил дизајниран, чекано и српот биле симбол на алијансата на селаните-работници. Чеканот стоел за индустрискиот пролетериат, а српот за селаните. Со времето значењето го променил и тоа во Советскиот Сојуз: српот ги означувал жените, а чеканот мажите.

срп и чекан

Поддржувачите на теориите на заговор ќе кажат дека симболот познат како „Окото што гледа сѐ“ е лого на масоните и дека латинската фраза под него се преведува како „Нов светски поредок“. Но, значењето е поблиску до „нов ред на времето,“ и се однесува на редот што бил запишан во закон во 1776 година.

око

Иако петокраката ѕвезда во круг долго е поврзувана со Сатанизам и окулт, тој всушност е симбол на заштита од злото. Дури и превртениот пентаграм, кој има понегативна конотација, претставува желба на индивидуата да се спротивстави на темнината.

пентаграм

Според легендата, во 4 век постоел сиромашен човек кој не можел да си дозволи мираз за неговите 3 ќерки. Тие морале да се проституираат за да преживеат. Но, Свети Никола дошол во нивниот дом за анонимно да им донесе злато. Вратата била заклучена па тој се проврел низ оџакот, и го ставил златото во чорапите што се сушеле на огништето.

божиќ

Зборот свастика е санскритскиот збор што значи „добра среќа“ или „благосостојба“. Кукачкиот крст веројатно се појавил првин во неолитска Евроазија. До денес тој е свет во хиндуизмот, будизмот, џаинизмот и одинизмот.

свастика
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура