X
 08.03.2018 Култура

Пронајдени најстарите тетоважи на светот


Египетски саркофаг
(Фото: Thinkstock)


Најстарите тетоважи на светот се откриени на египетски мумии стари дури 5.000 години, објавено е во археолошкото списание „Џурнал оф аркиолоџикал сајенс“.

Тетоважи од див бик и берберска овца се пронајдени на надлактницата на машка мумија, додека на рамото и надлактницата на женска мумија се пронајдени мотиви со буквата „Ѕ“, пренесува Би-би-си.

Ова откритие ги побива досегашните тврдења дека првите тетоважи се направени пред 1.000 години во Африка. Исто така, надминато е верувањето дека само жените се тетовирале во стариот Египет во 3100 година пред нашата ера.

„Истетовираните симболи навистина се неверојатни“, истакнува Даниел Антоан, еден од главните археолози на проектот за истражување на египетските мумии.

Тој објаснува дека истетовираните животни на машката мумија, особено бикот, веројатно асоцирале на статусот, моќта и половата зрелост на лицето.

Бикот и берберската овца биле често застапени симболи во уметноста на древниот Египет. Од друга страна, „Ѕ“-симболите истетовирани на женската мумија најмногу се користеле како декорации на керамиката во тоа време.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура