Компанијата „HMD Global“, сопственик на брендот „Nokia“, подготвува телефони кои ќе бидат во рангот на „iPhone“ и „Samsung Galaxy S“ смартфоните.
Имено, за три месеци може да се очекуваат два телефони од „
Nokia 8“ серијата. Се работи за модели со дијагонален екран од 5,2 и 5,5 или 5,7 инчи, а резолуцијата на дисплејот ќе биде 2.650 x 1.440 пиксели.
Новиот телефон ќе има најнов „Snapdragon 835“ процесор во комбинација со 4 односно 6 GB RAM меморија. Задната камера ќе има 23 мегапиксели, а тука ќе биде и предната со 12 мегапиксели.
Телефоните ќе имаат 64, односно 128 GB интерна меморија која ќе може да се зголеми со „microSD“ мемориска картичка до 256GB, така што сопствениците на овој уред не би требало да имаат проблем со чување на голем број видео записи, фотографии, игри и слично.
Цената на кинескиот пазар ќе биде околу 580 долари за моделот со помал екран, додека 650 долари за моделот со поголем дисплеј. Кога се гласини во прашање, од компанијата не сакаат да коментираат во врска со овие информации, но веќе имаат објавено дека во текот на оваа година можеме да очекуваме нови модели на паметни телефони.