Повеќето од нас веќе не можат да го замислат животот без паметен телефон, исто како и без кафе, особено не без утринското. Мудри глави се досетиле како тие две зависности да ги спојат во едно.
Се работи за футролата за телефон „Mokase“ која ќе ви свари кафе преку мобилна апликација. За правење кафе се користи многу тенка капсула, а во капсулата има доволно зрна за едно еспресо. Се што корисниците треба да направат е да постават „Mokase“ на својот телефон и да го притиснат копчето на апликацијата.
Водата се загрева преку малите вградени греачи, а кафето излегува од процепот на врвот. Ова е достапно во варијанти за „iPhone“, „Samsung“, но и некои други брендови на смартфони. Со „
Mokase“, секој купувач добива и шолја, која може да се склопи.
Продажбата започнува набрзо, но цената нема да биде ниска. Се проценува дека ќе чини околу 150 евра.