X
 21.08.2019 Технологија

Бавен ви е телефонот и брзо ви се троши батеријата? Можеби сте инсталирале некои од овие опасни апликации

Милиони андроид-корисници имаат преземено апликации што им го забавуваат телефонот и им ја трошат батеријата.

Истражувачите од безбедносната компанија „Тренд микро“ откриле 85 различни апликации за фотографии и игри што се преполни со адвер во официјалната продавница за апликации на „Гугл“. Најлошото е тоа што овие апликации се преземени над 8 милиони пати.

Компанијата „Тренд микро“ објави целосна листа со лажни апликации, но некои од најпопуларните се „Super Selfie“, „Cos Camera“, „Pop Camera“ и „Line Puzzle“.

Еден од начините на кои овие опасни апликации избегнале да бидат откриени е преку создавање кратенка за апликацијата на почетниот екран на вашиот телефон, 30 минути по инсталирањето на некоја од нив.

Ова им помогнало да бидат видливи, но така ги одвраќале корисниците да ги избришат.

Кога ќе стартуваат, aпликациите пуштаат долги реклами преку цел екран што не може да се затворат.

ТУКА можете да ја погледнете целосната листа со апликации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија