X
 22.09.2016 Наука

Зошто броевите на телефоните и калкулаторите се различно поставени?

Телефоните и калкулаторите ги користиме секојдневно. Овие два уреди имаат неколку сличности: 10 броеви, наредени по три во три реда и копчето 0 е поставено под останатите броеви.

телефон


Сепак, има една забележителна разлика: броевите се различно поставени на двата уреда и за ова постојат неколку теории.

Бирањето броеви со притискање е измислено во лабораториите на Александар Бел во 1960тите како замена за бирањето со ротирање. Но, распоредот на броевите бил дополнителна работа што требало да се дешифрира . Двата модела што биле најверојатни да се употребат биле  кружно бирање и броевите да се распоредени спротивно од стрелките на часовникот на веќе постоечките ротирачки телефони, како и обратниот распоред на калкулаторите.

Според една популарна теорија, телефонската компанија намерно ги свртила обратно броевите распоредени на калкулаторите за оние што се адаптирале на тој модел да бираат побавно кога ќе телефонираат. Ова би овозможило сигналот на телефонот да се регистрира. Но, оваа теорија се покажала неточна.

Вистинската причина е објаснета во студија од лабораториите на Бел насловен „Инженерски студии за човечкиот фактор на дизајнот и употребата на копчињата на притискање на телефоните.“ Имено, истражувачите пробале разни распореди, некои полесни, некои потешки.
За да се совпаднат со азбуката, пологично било 1,2,3 да почнуваа од горе надолу. Од лабораториите на Бел контактирале врвни производители за ова прашање, но одлуката очигледно била произволна.


распоред на броеви
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука