X
 14.03.2017 Култура

Каков ќе биде крајот на „Game of thrones“?

tronovi

Наредните две сезони на „Game of thrones“ ќе бидат поблиску и пократки од претходните. Помеѓу седмата и осмата сезона ќе има само два месеци пауза, а финалната епизода ќе има само 6 епизоди.

Продуцентот Дејвид Бениоф на конференцијата „SXSW“ изјави дека постојат 140 страници основа за сценарио за шест епизоди од последната сезона, што е за епизода помалку од и онака скратената седма сезона.

„Од почетокот сакавме да снимиме филм кој трае 70 часа. Сепак, вкупната должина ќе биде 73 часа; скоро го исполнивме она што го замисливме кога започнавме - имавме почеток, средина и сега пристигнуваме до крајот“, изјави Бениоф. Бениоф потврди и дека во седмата сезона ќе се појави и Ед Ширан откако серијата го покани да гостува како изненадување за Мејси Вилијамс (во улога на Арја Старк) која е огромен фан на пејачот.

Се претпоставува дека приказната ќе биде „стесната“ од епизода во епизода, сè до конечната кулминација, како и тоа дека љубителите на серијата ќе се соочат со бројни изненадувања и не баш пријатни смртни случаи. Едноставно кажано, крајот ќе биде краток и брз.

Конференцијата открива дека „HBO“ можеби ќе работи на уште некоја серија во светот на „Game of thrones“, но луѓето кои стојат позади оригиналната серија нема да имаат никаква врска со неа.

„Со задоволство ќе ја погледнам, но мислам дека на студиото му е потребно освежување“, изјави Бениоф.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура