Писателот Џорџ Р. Р. Мартин најави нова серија базирана на неговите книги, наречена „Витез на седумте кралства“, која треба да се појави на Ејч-би-о наредната година.
Новата спиноф-серија на легендарната „Игра на троновите“ ќе биде пократка и во сосема поинаков тон, најави Мартин на неговиот блог.
- Сепак, станува збор за Вестерос, така што никој не е безбеден - додаде писателот.
Книгата ги следи авантурите на сер Данкан Високиот и неговиот штитоносец Его во време кога Железниот трон е под власт на семејството Таргариен, односно пред настаните од „Игра на троновите“. Аегон, братот на Емон Таргариен, кој стана дел од Ноќната стража и се појави во „Игра на троновите“, подоцна ќе стане Егон Петти. Тој е и дедо на Ерис Вториот, кој во „Игра на троновите“ честопати беше нарекуван „Лудиот крал“.
Мартин претходно на својот блог напиша дека серијата најверојатно ќе има шест епизоди и додаде дека извонредното сценарио за првата епизода го напишала Ира Паркер, која е дел од екипата на „Куќа на змејовите“.
Џорџ Р. Р. Мартин во моментов има неколку недовршени проекти, а меѓу нив се и последните два романа од серијалот „Песна за мразот и огнот“, врз чија основа е направена серијата „Игра на троновите“.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube