Објавен е новиот трејлер за петтата сезона на популарната криминалистичка серија „Куќа од хартија“ (La Casa De Papel). Ова треба да биде последна сезона од серијата, која е една од најпопуларните на „Нетфликс“.
Овој пат, серијата ќе биде поделена на два дела со 5 епизоди, а вториот дел ќе пристигне три месеци по излегувањето на првиот. Првиот дел ќе биде достапен на „Нетфликс“ на 3 септември.
Трејлерот започнува со видео од групата која е затворена во централната банка на Шпанија повеќе од 100 часа. Тие успеале да ја спасат Лисабон, но пред нив се нивните најмрачни моменти бидејќи изгубиле еден член.
Во видеото се гледа и како инспекторката Сиера го апси Професорот и за првпат тој нема план за бегство. Истовремено, полковникот Тамајо ја подготвува армијата да влезе во банката. Се ближи крајот на најголемиот грабеж во историјата, а она што започна како грабеж, ќе се претвори во војна.
Извор:
Klix
Фото: Twitter