X
 15.03.2017 Живот

Македонија - земјата на најмладите мајки во Европа

vozrast

Новите податоци во врска со плодноста во Европа ја покажуваат просечната возраст на жените на која раѓаат прво дете во секоја земја.

Информациите од Еуростат покажуваат дека Италија е на прво место, за најстара просечна возраст од 30.8 години, додека Македонија има најниска просечна возраст од 23 години.

Просекот во 28-те земји членки на ЕУ е 28.9 години.

Прикажани на мапа, источно европските земји имаат пониска стапка на наталитет, а медитеранските држави како Грција, Шпанија и Италија имаат највисока, додека во нордиските земји преовладува просечната возраст од 28 години.

Што се однесува на плодноста, во неколку земји е опадната во споредба од пред 14 години.

Според Еуростат, 40.217 повеќе бебиња биле родени во 2015 година, во споредба со 2001 година.

Исланд и Португалија се соочија со пад на фертилноста, како и Србија и Македонија, и покрај тоа што од овие земји потекнуваат најмладите мајки.

Латвија, Литванија и Австрија имаат највисока стапка на фертилитет во 2015 во споредба со 2001 година.
 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот