Косовското собрание во четвртокот даде зелено светло за нацрт-законот за забрана на игрите на среќа. Се очекува на сите игри на среќа крајот да им дојде за 15 дена. Изземена е само Државната лотарија на Косово.
Но, сопствениците на казината изгледа си нашле решение за проблемот.
Имено, сопственикот на локалот „Лас Вегас“ одлучил да го пресели во Блаце, на километар по поминувањето на границата со Македонија, пренесуваат
косовските медиуми.
Дополнително, од локалот известуваат и дека ќе биде обезбеден бесплатен превоз за оние што сакаат да си ја пробаат среќата.
Фото: Insajderi