X
 17.03.2017 Технологија

Како да спречите Гугл да Ви го следи секој чекор?

Дали некогаш кога сте си го провериле телефонот сте имале чувство дека сте набљудувани?

гугл


Мустафа Ал-Бассам е истражувач за безбедност кој вака се почувствувал кога минатата година влегол во Мекдоналдс. Имено, на телефонот од него било побарано да ги преземе апликациите на ресторанот за брза храна. И тоа не е случајност. Вашите чекори се навистина набљудувани.


Ако услугите за локација Ви се вклучени Гугл може да Ве најде каде сте и што правите.
„Продавницата нуди над еден милион апликации од кои многу се креирани да се користат на специфични локации или во специфични ситуации. Вистинската апликација во вистинскиот момент Ви овозможува да направите повеќе,“ вели Мустафа.

Гугл прави да е неверојатно тешко да се исклучат овие својства. Еве како да ги исклучите:

ANDROID

Ако сте вклучени на “Your timeline” Гугл ќе Ве праша дали сакате да ја исклучите историјата на локации (location history). Со ова на Гугл му се овозможува да креира профил на Вашата личност.

-    Селектирајте ‘your timeline’ во ‘settings’
-    Притиснете на иконата со три точки на горниот десен агол на екранот и одберете ‘settings’
-    Дојдете до ‘Location settings’
-    Притиснете ‘Location history is on’
-    Ќе се отвори нов прозорец и исклучете ја опцијата на ‘off’
-    Притиснете ‘ok’ на прозорецот што ќе се појави


1

2


APPLE IOS

-    Бидете сигурни дека сте логирани и дојдете до ‘settings’
-    Притиснете ‘location history’ и исклучете ја со лизгање
-    За да ја избришете историјата, дојдете до ‘Maps history’ во ‘Settings’
-    Нема можност да ги избришете сите оддеднаш, но може да притиснете на ‘x’ веднаш до локацијата
-    Исто така може да ги исклучите ‘Location data collection’ со притискање на ‘About, terms and privacy’ во ‘Settings’


3

4
Подготвил: М.Д.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија