X
 24.11.2023 Живот

Фотограф открил неверојатен глечер скриен на Хималаите

Благодарение на помошта од еден дрон, полскиот фотограф Дејвид Кашликовски снимил неверојатна сцена на врвот на глечерот во близина на планината К2.

Потрагата по уникатна локација на Хималаите започнала додека тој го снимал претстојниот документарец наречен „К2 - Допирајќи го небото“. Фотографот сакал да создаде личен проект на кој ќе работи, па затоа го испратил својот дрон да ја провери сценографијата околу вториот највисок врв на светот.

1
Фото: David Kaszlikowski

Така, дронот успеал да пронајде скриено место во близина на Конкордија, област под К2 каде што се спојуваат глечерите Балторо и Годвин-Остин. Кашликовски забележал дека постои дел од глечерот опкружен со базен со вода, широк 19 метри.

- Местото беше неверојатно. Секој ден исчезнуваше, се топеше, ја менуваше својата форма. Беше сосема очигледно дека никој нема да го фотографира повторно како мене - вели фотографот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: David Kaszlikowski/Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот