Флорида е место кое често е погодено од урагани и има повеќе молњи од која било друга американска држава. Сепак, Флорида е местото од каде што се лансираат ракети. Но, за тоа има 3 добри причини:
Блиску е до екваторот
Лансирањето блиску до екваторот е важно бидејќи тука е тангенцијалната брзина – бидејќи екваторот е најдалечната точка од оската на ротација на Земјата, добивате помала тангенцијална брзина од објектот кој ротира ако се упатите подалеку од неговата најоддалечена точка. Таа позиција обезбедува НАСА да користи помалку гориво за лансирање на леталата во вселената.
Се наоѓа до океан
Кога лансирате ракета, сакате да се осигурите дека нема да има шанса за испуштање остатоци или експлозија над населено место. Кога лансирате над океан, предметите што паѓаат и суспендираните мисии можат да завршат во водата каде што имаат помалку шанса да им наштетат на цивили. Исто така, Флорида е на источниот брег. Земјата се ротира од запад кон исток, па одговара што океанот е исто така на исток.
Имало логика кога се донела одлуката
Кога НАСА го купила земјиштето кое станало „Кенеди спејс центар“ во 1961 година, тоа било токму она што им било потребно. Слабо населен простор кој овозможува да се градат масивни градби без да му пречи на локалното население. Сепак, имало патишта и друга инфраструктура, бидејќи се наоѓа блиску до воени бази.
Флорида едноставно е најдобрата локација за НАСА, без разлика какво е времето таму. Кога се работи за
лансирање ракети, најважна е сепак локацијата.