X
 17.03.2017 Технологија

Што да правите кога паметниот телефон ќе се блокира?

Кочење на екранот, блокирање на уредот – често се случува да се соочиме со вакви проблеми и тоа во моменти кога мобилните телефони ни се и повеќе од потребни.


За разлика од постарите модели на мобилни телефони, каде што едноставно се отстранува батеријата за телефонот повторно да работи нормално, паметните телефони ја немаат таа опција. Кај нив, батеријата е најчесто интегрирана. Што да направите ако ви се блокира телефонот?

Првата опција е се разбира, да го држите копчето за гаснење околу 20 секунди, што во поголемиот дел од случаите успева. Но, ако тоа не успее, тогаш можете кај Андроид телефоните на пример, покрај копчето за палење и гасење, истовремено да го држите и копчето за зголемување и намалување на јачината на звукот, исто така во времетраење од 20 секунди.

Слично е и кај „iPhone“ моделите, кај кои ќе биде потребно истовремено да го држите копчето за заклучување на екранот и „home“ копчето.

Ако овој проблем често ви се случува, обидете се да ги изгаснете и ги отстраните непотребните апликации, за да ја ослободите меморијата, или пак да префрлите голем дел од фотографии и видеа на компјутер. Не заборавајте и на редовното ажурирање на оперативниот систем.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија