X
 30.07.2018 Живот

Парламентот потврди: од 1 септември без мобилни телефони во француските училишта

Францускиот парламент денеска ја усвои одлуката за забрана на мобилни телефони во основните и некои средни училишта, а таа одлука влегува во сила од почетокот на новата школска година, на 1 септември.

mobilen

Откако минатата недела Сенатот даде зелено светло за предлогот за забрана на мобилни телефони во француските училишта, Парламентот денеска усвои закон кој е резултат на компромис меѓу двата парламентарни дома.

Министерот за образование го поздрави усвојувањето на законот како „закон од 21 век, кој испраќа порака до француското општество, но исто така и на меѓународното".

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот