Студирањето надвор од границите на татковината може да ве научи многу нови работи.
Ќе искусите различна култура, ќе „избегате“ од секојдневната монотонија и позната средина, а можеби ќе научите и нов јазик. Но, во која земја да се упатите?
„
Study.EU“ објавиле годишно рангирање на 30 европски земји, според нивната атрактивност за интернационални студенти. Германија е на врвот.
фото извор: indy100.com
Велика Британија се наоѓа на второто место, додека пак Холандија на третото.
Листата е изработена земајќи предвид три фактори – квалитет на образованието, цената и квалитетот на живот и просперитет во кариерата.
Германија е на врвот и на листата за квалитет на образованието.
фото извор: indy100.com
Унгарија е најевтина.
фото извор: indy100.com
Додека пак, Велика Британија има најдобар животен квалитет и отворени можности за градење кариера.
фото извор: indy100.com